Веста за трагичната смрт на големиот талент Ноа Гесер, ги натажи сите во Ајакс, а првиот тим на Копјаниците најмалку што можеше да направи беше едноминутен молк и играње со црна лента на дресовите за време на пријателскиот меч со Лајпциг.
Душан Тадиќ даде гол за водство на Ајакс и голот му го посвети на 16-годишниот Гесер, кој синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа во која за зголемување на семејната трагедија и ненадоместлива загуба, загина и неговиот 18-годишен брат.