Каква ждрепка за кошаркарскиот турнир, САД не можеа да добијат посилен противник

Франција – Италија, Словенија – Германија, Шпанија – САД и Австралија – Аргентина се четвртфиналните двојки на машкиот кошаркарски турнир на Олимписките игри во Токио. За првпат во историјата на ЛОИ, се влечеше ждрепка за одредување на четвртфиналните двојки.

Поразот од Словенија, за Шпанците значеше дека за нив има 50 отстотна опасност да налетаат на Американците во четвртфиналето, и нивните стравувања се остварија, а неутралните ќе уживаат во пресметката на актуелниот светски и олимписки првак.

Четвртфиналните мечеви се играат на 3 август.

- Оглас -

Најнови вести