Британецот Том Дејли е олимписки шампион во скокови во вода, освои злато и во Токио во синхронизирани скокови од 10 метри, а денеска вниманието го привлече со плетење додека седи на трибините за време на натпревар во неговиот спорт.
Дејли е познат и по тоа што јавно призна дека е бисексуалец, а на Јутјуб објавува блогови кои ги следат над милион луѓе.