Италијанецот Марсел Ламонт Џејкобс е новиот олимписки шампион на трките на 100 метри. На претходните три олимпијади, златото на оваа трка го освојуваше светскиот рекордер Јусеин Болт, а негов наследник е Џејкобс, кој денеска во финалето на стотка триумфираше со време од 9 секунди и 80 стотинки. Ова е сензационален подвиг и европски рекорд, прекината е доминацијата на брзите Јамајчани и Американци.
Досега само шест пати на 100 метри победувале Европјани. Пред Џејкобс, последен олимписки првак од Стариот континент на 100 метри беше Британецот Линфорд Кристи во 1992 година.
Ова е историско попладне за италијанската атлетика, само десетина минути пред победата на Џејкобс, злато обезбеди и Тамбери во скок во височина.