Себастијан Окон од Алпајн е сензационален победник на хаотичната трка за Големата награда на Унгарија во Формула 1. Ова е прва победа на Окон во кариерата.
Второто место го освои Себастијан Фетел од Астон Мартин, додека подиумот го комплетираше првакот Луис Хамилтон од Мерцедес. Макс Ферстапен чиј болид беше оштетен во инцидентот во првиот круг, беше само десетти.
Хамилтон тргна од пол-позиција, но после прекинот, излезе сам на патеката која веќе беше исушена, додека другите останаа во бокс за да сменат гуми. Потоа Хамилтон мораше да замине во бокс, и се врати на 13-та позиција. Успеа на еден или друг начин десетмина да остави зад себе, па на крај треба да биде задоволен со третата позиција.
Хаосот најдобро го искористија Окон и Фетел кои долго време беа во трка за победа, но Окон кој водеше речиси цело време, успеа да го издржи притисокот.
Хамилтон е нов лидер во генералниот пласман, има седум бода повеќе од Ферстапен.