Чудно: Успори за да не постигне светски рекорд (Видео)

Елејн Томпсон Хера го освои златото на патеката на 100 метри на ЛОИ во Токио, а денеска покажа дека е главна фавортка и за златото на двојно подолгата спринтерска патека, таа на 200 метри. Томпсон Хера без никаков проблем, како првопласирана ја заврши трката во полуфиналето и си обезбеди место во утрешното финале.

Спринтерката од Јамајка делуваше доминантно во однос на конкурентките, а тоа што беше забележително е дека пред крајот на трката, Томпсон Хера едноставно реши да потсопре. На крајот, Томпсон Хера заврши со време од 21.66 секунди, што е за 32 стотинки послабо време од светскиот рекорд.

Одлуката да потсопре во полуфиналето, според многумина е само најава дека Томпсон Хера планира да го сруши светскиот рекорд за време на утрешното финале, кога и ќе атакува на златото на патеката на 200 метри.

https://twitter.com/i/status/1422175199093460996

- Оглас -

Најнови вести