Меч од руската Премиер лига прекинат на кратко, се појави змија на теренот (Видео)

Неверојатна сцена се случи во шестата минута од вечерашниот натпревар од руската Премиер лига помеѓу Ахмат Грозни и Сочи. Голманот на гостите, Георги Шелија, пријави кај главниот судија дека во близина на голот има ни помалку, ни повеќе, туку – змија!

Средбата беше прекината и работниците на стадионот влегоа на теренот со орудија со кои успешно и внимателно го изнесоа натрапникот надвор од фудбалскиот терен. Мечот продолжи само една минута по прекинот. Сочи победи со 2-1, но змијата беше главна вест.

https://twitter.com/i/status/1422247968187486209

- Оглас -

Најнови вести