Норвежанецот Карстен Вархолм го освои златото на патеката 400 метри со пречки, во трка на која олимпискиот шампион постави нов светски рекорд. Вархолм ја истрча патеката со време од 45:94 секунди и стана првиот човек во светот што успеал да ја спушти границата под 46 секунди.
Среброто го освои Американецот Бенџамин Рај со 46:17 секунди, време кое исто така е подобро од претходниот светски рекорд. Бронзениот медал е за Алисон дос Сантош од Бразил, кој истрча со 46:72 секунди.
https://twitter.com/i/status/1422399915381202946
Денеска ќе има уште финални дисциплини во атлетика, а со посебно внимание се очекува финалето на 200 метри жени. Елејн Томпсон Хера е прва фаворитка, а спринтерката од Јамајка во вчерашното полуфинале трчаше фантастично, но во последните 10-тина метри подзастана и не го сруши светскиот рекорд. Се очекува Томпсон Хера тоа да го направи денеска, во финалето на трката која е закажана за 14:45 часот.