Големо изненадување се случи во четвртфиналето на одбојкарскиот турнир за мажи на ЛОИ во Токио. Аргентина со 3-2 во сетови ја порази Италија и Гаучосите ќе играат полуфинале против Франција или Полска, додека другото полуфинале е Бразил – претставници на Рускиот олимписки комитет.
Во решавачкиот петти сет, Аргентина победи со 15-12, а аргентинските коментатори многу емотивно ги пренесуваа завршните поени.
Како ли ќе биде ако Аргентина стигне до финале или ја освои титулата ако полуфиналето го слават вака:
¡¡¡A SEMIS!!!@JoseMontesano @hugoconte7#Tokio2020EnTyCSports pic.twitter.com/NtbxhtPQRg
— TyC Sports (@TyCSports) August 3, 2021