Светските рекорди на 100 и 200 метри во женска конкуренција кои стојат уште од 1988 година, беа загрозени на ЛОИ во Токио, но не и урнати. Илејн Томсон Хера од Јамајка триумфираше на двете спринтерски трки со втори најдобри времиња во историјата и се доближи до рекордите на покојната Флоренс Грифит Џојнер, која и понатаму ги има рекордите.
Томпсон, која победуваше и во Рио де Жанеиро пред пет години, во Токио е во одлична форма, но тоа не беше доволно да се урне рекордот на популарната Фло-Џо.