Кристијан Ромеро ќе биде новото големо засилување на Тотенхем откако Аталанта прифати понуда од 55 милиони евра за аргентинскиот репрезентативец, од кои пет милиони евра ќе се исплатат во бонуси.
Божицата со оваа продажба оствари убава заработка ако се знае дека по крајот на минатата сезона ја активира клаузулата на Ромеро и го откупи од Јувентус за 16 милиони евра.
Стоперот кој со Гаучосите пред дваесетина дена ја освои титулата на Копа Америка, во Лондон ќе се појави во следните 48 часа, каде што ќе ги изврши медицинските прегледи пред да потпише за Петлите. Ромеро ќе биде вториот играч кој дресот од Аталанта го менува со оној на Тотенхем, откако претходно летово тоа го стори тоа Перлуиџи Голини.
Инаку, Аталанта веќе ја договори замената за Ромеро, во Бергамо ќе пристигне Мерих Демирал од Јувентус како позајмен играч, со опција да го откупи договорот на Турчинот за сума од 30 милиони евра следното лето.