Леброн го прибра стариот пријател Кармело во Лејкерс

По ангажманот на Расел Вестбрук и камбекот на Двајт Хауард, нов играч на ЛА лејкерс е 37-годишниот Кармело Ентони. Ветеранот се согласи на едногодишен договор со 17-кратниот НБА-шампион, каде што ќе игра заедно со својот стар пријател Леброн Џејмс.

Езерџиите добија на искуство со ангажманот на најдобриот поентер во Лигата од 2013 година и 10-кратниот Олстар, со што најавија враќање на тронот на кој моментално седи Милвоки.

Популарниот Мело беше трет пик во 2003 година зад првиот избор на Кливленд, Леброн Џејмс, а меѓу нив беше Дарко Миличиќ. Пред Портланд, Ентони ги бранеше боите на Хјустон, Оклахома и Њујорк, а кариерата му почна во редовите на Денвер.

- Оглас -

Најнови вести