Гвардиола: Го сакам Меси, но нема шанси да дојде во Манчестер сити

Пеп Гвардиола вели дека неговиот миленик Лионел Меси нема да го засили Манчестер сити, по што за аргентинскиот волшебник кој си заминува од Барселона остана само една реална варијанта, да го засили Пари Сен Жермен.

„Потрошивме 100 милиони евра за трансферот на Грилиш. Тој ја доби десетката, бидејќи имаме доверба во него. Бевме убедени дека Меси ќе продолжи во Барселона и сега е веќе доцна за негов трансфер во Манчестер сити. Го обожавам како играч, но сега не е во нашите планови“, изјави Гвардиола.

Меси сензационално си замина од Барселона, клуб што не успеа да ги санира долговите, па мораше да се откаже од својата фудбалска икона.

Лео играше за Барселона од 2004 година, откако во клубот пристигна како 13-годишно момче во 2000 година. Со него Барса освојуваше трофеи, а Меси ги има сите можни индивидуални признанија и е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Сега ако нема изненадувања само Пари Сен Жермен е единствен сериозен кандидат кој има пари за да го ангажира 34-годишниот аргентински репрезентативец.

 

- Оглас -

Најнови вести