Аргентина го доби големото дерби против вечниот ривал Бразил во мечот за бронза на одбојкарскиот олимписки турнир во Токио по голема борба во пет сета.
Популарните Гаучоси славеа со 3:2 во одличен меч на јужноамериканските ривали и го освои вториот медал во историјата и повторно е бронзен и пак со триумф од 3:2 против Бразил во малото финале.
Во 1998 година Аргентина на идентичен начин во пет сета го победи Бразил и го освои првиот медал и тогаш бронзен во машката одбојка на Олимпијадите.
И денеска беше идентично драматично, а Аргентинците по добиениот прв сет со 25:23 ги загуби следните два со по 20:25, но успеа да направи подвиг и да ја победи најтрофејната нација во овој спорт на Олимписките игри.
Со 25:17 во четвртиот сет Гаучосите израмнија на 2:2 во сетови, а потоа беа на прагот да прокоцкаат сигурна победа. Во последниот сет водеа со 11:7, па Бразил се врати во игра и израмни на 13:13, но сепак Аргентина победи со 15:13 и ја искористи првата меч топка за голема победа и втор бронзен медал на Олимпијадите.
Финалето меѓу Русија и Франција во битката за златниот медал на ЛОИ во Токио ќе се игра денеска од 14.15 часот.