Шеикот Калид Бин Хамад Бин Калифа Ал-Тани објави на социјалните мрежи дека трансферот на Лионел Меси во Пари Сен Жермен е завршена работа и дека Аргентинецот ќе игра во француското прврнство.
Тој е брат на Тамим Бин Хамад Ал-Тани, сопственикот на популарните Светци од Париз, а се очекува Меси да потпише двегодишен договор според кој ќе заработува по 35 милиони евра по сезона.
Al Thani really announced Messi pic.twitter.com/zWD8uHEkFH
— Siavoush Fallahi (@SiavoushF) August 6, 2021
Вчера ПСЖ веќе го најави трансферот на Меси, откако Ајфеловата кула во Париз светеше во боите на клубот, што е пракса кога се работи за голем трансфер на клубот.
Меси изненадувачки си замина од Барселона, иако беше договорен со раководството на клубот да ја продолжи авантурата што ја почна во 2000 година кога пристигна во шпанскиот гигант како 13-годишно момче.
Сепак финансиската криза во Барселона и рестрикцијата на раководството на Ла Лига за трошење на пари на клубовите што се во голем финансиски минус доведоа до сензационален пресврт, па Барселона и официјално се прости од Меси.