Меси одби да потврди дали ќе биде новата ѕвезда на ПСЖ

На прошталната прес-конференција со Барселона, Лионел Меси одби да потврди дали ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ, како што се најавуваше во изминативе 48 часа.

Екскапитенот на Каталонците само истакна дека интерес покажаа многу клубови кои сакаат да го видат Лео во нивниот дрес, меѓутоа конкретна понуда засега нема.

„Од моментот кога стана јасно дека нема да останам во Барселона, многу клубови го покажаа интересот за мене. Засега нема ништо конкретно, ниту со ПСЖ, ниту со друг клуб. Она што можам да кажам е дека имам доста опции на располагање, но каде ќе ја продолжам кариератадопрва ќе одлучам“

- Оглас -

Најнови вести