ЕСПН: Меси е нов играч на ПСЖ!

Лионел Меси денеска имаше и официјално збогување од Барселона, клубот во кој ја помина целата досегашна кариера. Пред повеќе од две децении Аргентинецот дојде во каталонскиот гигант, а денеска му рече „Збогум“.

Со многу емоции Меси зборуваше за времето поминато во Барселона, за трофеите кои ги освои, но и за тоа зошто не успеа да потпише нов договор.

Кога беше запрашан за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, Лео само рече дека имал многу понуди, но уште ништо не одлучил.

Сепак, голем дел од медиумите пишуваат дека следната дестинација на Аргентинецот ќе биде Пари Сен Жермен. Американскиот ЕСПН дури излезе со вест дека сите детали се договорени и дека Меси веќе е играч на францускиот гигант.

Вечерва или утре наутро Меси треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа и официјално да биде претставен за нов играч на ПСЖ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести