Меси веќе одбрал и кој број ќе го носи во ПСЖ

Лионел Меси се збогуваше од Барселона. По повеќе од 20 години откако пристигна во каталонскиот гигант, денеска беше последниот ден на Меси во клупскиот комплекс, каде одржа прес конференција. Со солзи во очите Меси се прости од соиграчите, пријателите и сите навивачи на Барселона, објаснувајќи дека едноставно немало како тој да остане во клубот во кој ја помина целата досегашна кариера.

Се очекува Меси утре да пристигне во Париз и да биде промовиран во нов играч на Пари Сен Жермен. Во ПСЖ, Меси повторно ќе биде соиграч со Нејмар, Бразилецот со кого беа одличен тандем во Барселона. Нејмар ја има 10-ката во ПСЖ, а иако Бразилецот се понудил да го смени бројот на својот дрес за Меси да биде новата „десетка“, Лео решил да најде нов број.

Се очекува Меси да го одбере дресот со бројот 19, кој го носеше и во еден период додека играше во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести