Јувентус на свој терен вечерва ќе го пречека Интер во „Дербито на Италија“. Тоа ќе биде 239-ти дуел на италијанските гиганти, а за првпат дел од ова дерби ќе биде Кристијано Роналдо. Португалската суперѕвезда во дебитантската сезона досега има дадено 10 погодоци за Јувентус, а за дуелот против Интер сигурно ќе биде посебно мотивиран.
Роналдо денеска има точно 33 години, 10 месеци и два дена, а пред 16 години, три месеци и 24 дена одигра меч за памтење, и тоа против Интер. Тоа беше на 14-ти август 2002 година, кога Спортинг се сретна со Интер во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони.
На тој меч пред повеќе од една и пол деценија, тренерот на Спортинг, Ласло Болони, во 5-мата минута од мечот во игра го внесе Кристијано Роналдо. Со 17 години, шест месеци и девет денови Роналдо дебитираше во сениорскиот фудбал.
Првите 30-тина минути од кариерата Роналдо ги одигра на левата крилна позиција, заменувајќи го Тонито. Во редовите на Интер беше Рикардо Кварежма, како и легендарниот Хавиер Занети. Тој дуел од 2002 година заврши без погодоци.
Сега, Роналдо повторно ќе игра против Интер, но во „Дербито на Италија“ и сигурно ќе биде главна опасност за голот на „нераѕурите“.