Академците на Пандев и Струга со реми го продолжија трендот од 0-2 гола во премиерното коло

Академија Пандев и Струга Трим Лум ремизираа 1:1 во последниот меч од премиерното коло во Првата македонска фудбалска лига, со што го продолжија трендот на мирољубиви натпревари.

Ова беше четвртото реми на шест меча на стартот од новата сезона, а сите дуели беа скромни со погодоци, односно на ниту едне немаше повеќе од два гола.

Така беше и вечерва, иако најавата беше многу поинаква по водството на Струга Трим Лум во 25. минута. Стрелец беше Емир Скендери, а потоа Мартин Мирчевски успеа да израмни со погодок во 54. минута.

Двете екипи и потоа имаа шанси, но не постигнаа голови, па ги поделија бодовите на премиерниот меч во новото првенство.

Претходно од 17.30 часот Брегалница и Шкупи ремизираа без голови, идентично како и Тиквеш и Шкендија. Нерешено, 1:1 заврши и мечот меѓу Ренова и Скопје, а Македонија Ѓорче Петров и Работнички стартуваа со победи од 1:0 против Пелистер, односно Борец.

 

- Оглас -

Најнови вести