Стартува тенискиот турнир кој има награден фонд од 3,5 милиони долари

Еден од најсилните тениски турнири во светот, Мастерсот во Торонто започнува попладнево. Ова е турнир од Серијата 1000, а за тоа колку атрактивен е кај тенисерите, говори и наградниот фонд кој изнесува 3,5 милиони долари.

Победникот ќе добие 1000 АТП поени, а покрај тоа му следува и парична награда од 370.290 долари, што само зборува за мотивот да се игра на највисоко ниво.

И тенисерките ќе бидат во Канада, но во Монтреал каде ВТА турнирот има награден фонд од 1,83 милиони долари, а за победничката следуваат 221.500 долари.

Двата турнири ги има во понудата на Sport Life и тоа е одлична можност за заработка за сите оние кои ги следат тениските возбудувања.

 

- Оглас -

Најнови вести