ПСЖ мисли на се – Му понудија на Меси да игра со дресот со кој дебитираше за Барселона, проблем се голманите

Лионел Меси е пред промоција како нов член на Пари Сен Жермен, а интересно е понудата на парижани тој да игра со број на дресот со кој дебитираше за Барселона.

Аргентинецот беше препознатлив по десетката, но ја одби понудата на Нејмар да му го отстапи дресот со бројот 10 и одбра да игра со 19-та, број на дрес со кој играше во мал дел од кариерата во Барселона.

Во ПСЖ се присетија на дебито на Меси за Барселона, кога настапи за првпат со дресот со број 30 и му го нудат за да го носи во продолжението на кариерата во клубот од Париз.

Сепак тоа е по малку и проблематично, бидејќи дрес со број 30 во француското првенство најчесто е резервиран за голманите.

Чуварите на мрежите во Лига 1 во Франција имаат пет опции за избор на бројка на дресовите, а меѓу нив се 1, 16, 30, 40 и 50.

Одлуката со кој број на дресот ќе настапува Меси за вториот свој клуб во професионалната кариера се уште не е донесена.

Лео се очекува на прес-конференција денеска во Париз, а треба да потпише двегодишен договор според кој ќе заработува околу 35 милиони евра по сезона.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести