Џабе го чекаа – Меси не патува денеска за Париз

Лионел Меси нема да допатува денеска во Париз, што ги разочара фановите на ПСЖ кои долго го чекаа да пристигне на промоција во Пари Сен Жермен.

Имаше навивачи кои беа многу трпеливи и чекаа дури 48 часа од моментот кога беше објавено дека Меси ќе биде нов член на ПСЖ.

Според инфомациите од Шпанија, Лео е се у ште во Барселона и нема да патува за Париз се додека не се завршат сите формалности околу договорот со францускиот клуб.

Се очекува сепак трансферот да се реализира и по 21 година Меси да игра за друг клуб, откако досега беше член само на Барселона.

Најавено е дека ќе биде потпишан двегодишен договор според кој Меси ќе зарабоува по 35 милиони евра по сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести