Лионел Меси го потпиша двегодишен договор со Пари Сен Жермен, со опција за продолжување на уште една сезона.
„Шесткратниот освојувач на Златната топка, се смета за легенда во својот спорт и вистински извор на инспирација за сите генерации, на теренот и надвор од него“, стои на интернет страната на ПСЖ.
Првата реакција стигна и од Меси. „Нестрплив сум да го започнам новото поглавје во кариерата, во Париз. Клубот и неговата визија, совршено се поклопуваат со моите амбиции. Знам колку талентирани играчи има во екипата. Одлучен сум, заедно со соиграчите да направиме нешто сјајно за клубот и навивачите“, рече Меси.
Презадоволен од потписот на Меси беше и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи. На изненадување на многумина, Аргентинецот нема да го носи ни дресот со бројот 10 ниту тој со бројот 19.
https://twitter.com/i/status/1425189199213473798