Дресовите на Меси „исчезнаа“ за половина час!

ПСЖ трие раце знаејќи колкави се придобивките од финансиски и маркетиншки аспект по ангажманот на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси.

Само половина час од претставувањето на Меси на „Паркот на принцовите“, целата залиха на домашните дресови со неговото презиме и бројот 30 беа распродадени преку официјалната веб-продавница на Светците, додека гостинските дресови се продале уште побрзо, за само дваесетина минути. Цената на еден дрес изнесува 108 евра, но истиот се продаде како да се дава бесплатно.

Доколку продажбата продолжи со овој ритам, ПСЖ сигурно за брзо ќе оствари голем профит и нема да зажали што му гарантираше 70 милиони евра на Меси со двегодишниот договор, кој може да се продолжи до јуни 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести