Меси имаше посебна причина за да го одбере „забранетиот“ број

Лионел Меси синоќа позираше со својот нов дрес, тој на Пари сен Жермен. Аргентинецот потпиша за францускиот тим, а на изненадување на многумина одбра да го носи дресот со бројот 30. Заштитниот број на Меси е десетката, но Лео одби да му го преземе тој број на Нејмар во ПСЖ.

Се очекуваше бројот 19 да биде на Меси, но тој ја одбра 30-ката. Бројот 30 во францускиот фудбал се смета за „забранет“ за фудбалери, бидејќи тој број најчесто е резервиран за голманите. Како што во Шпанија има непишано правило голманите да ги носат броевите 1, 13 и 25, во Франција „голмански“ броеви се 1, 16 и 30.

Третиот голман ан ПСЖ Александер Летеље го носеше дресот со бројот 30, но без дилема го отстапи кога тоа го побара Меси. Зошто Меси го одбра токму овој број? Кога дојде во Барселона и кога уште се докажуваше, Меси во Барселона го носеше токму дресот со бројот 30. Потоа ја превзема 19-ката, а на крајот негов број со години беше 10.

- Оглас -

Најнови вести