Стивен Бергхуис одлучи да поднесе тужба за заканите што постојаноги добива од навивачите на Феенорд, откако летово се пресели во редовите на најголемиот ривал Ајакс.
Крилото на Копјаниците од 16. јули наваму постојано добива закани од навивачите на Феенорд, кои не можат да му простат што замина во Ајакс.
Двата клуба имаат огромно ривалство, кое е едно од најголемите во европскиот фудбал. Бергхуис беше капитен на Феенорд, а објави дека има закани со смрт и за неговото семејство.
Во Ротердам му беше напаревн и мурал на кој беше прикажан како жртва на холокаустот, што е морбидно, а асоцира на големата еврејска заедница во Холандија која навива за Ајакс.
Му порачаа дека го чека пекол на „Де Кујп“ во Ротердам на 19. декември кога Ајакс ќе му гостува на Феенорд и тоа чудесно се поклопи со роденденот на Бергхуис.
Тој одлучи да ги пријави сите случаи со закани кон него во полиција и подготви тужба за навивачите на Феенорд, кои му се закануваат.