Еден кажан збор направи хаос на меч во Торонто (Видео)

Русинот Карен Хачанов се пласираше во осминафиналето на Мастерс турнирот во Торонто, но мечот имаше неочекуван инцидент. Хачанов со 2:0 во сетови го совлада сонародоникот Аслан Карачев (7:6, 6:4), но на стартот од вториот сет влезе во жестока расправија со судијата Рене Лихштајнер.

При 0:1 во гејмови и 40:40 во поени, Хачанов загуби поен по неизнудена грешка, а потоа извика „мерда“, што зна шпански значи го*но. Судијата Лихштајнер веднаш го казни Хачанов со одземање на еден поен поради недолично однесување. Тогаш Русинот се налути и почна дебата со судијата.

„Чекај како мислиш казнен поен? Ќе ме казниш поради „mierda“. Тоа е како на англиски да кажеш „shit““, се налути Хачанов, а судијата му објасни „Не смееш тоа да го кажеш. Тоа е навредлив збор“.

Рускиот тенисер не сакаше да се помири со тоа дека треба да биде казнет, па побара да зборува со супервизорот на турнирот. По неколкуминутно убедување и со супервизорот, Хачанов на крајот сепак беше казнет со еден поен, затоа што тоа што го кажал, се слушнало во преносот, бидејќи немало публика на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести