Цело е кога има се – ПСЖ го плаќа Меси и со криптовалути

Пари Сен Жермен ќе плати 70 милиони евра за ангажманот на Меси, односно по 35 милиони евра по сезона, а во начинот на плаќање се вклучени и криптовалути.

Се работи за популарниот „Фан токен“, но не е откриена точната вредност на криптовалутата што е мошне популарна.

Фан токенот им овозможува на сопствениците да гласаат во дел од тековните случувања во клубовите, во примерот на Меси, тој може да влијае на состојбите во ПСЖ во иднина, иако обично се работи за помалку важни одлуки.

Покрај ПСЖ ваквиот систем го прифатија и Манчестер сити и Милан, а наскоро се очекува да се приклучат уште голем број на клубови.

Фан токенот, како и биткојните фигурира и на берзите и со нив може да се тргува, а специфично е што можат да доживеат енормни скокови и падови на вредноста.

 

- Оглас -

Најнови вести