Пелистер има големи амбиции да атакува на титулата во македонската кошаркарска Прва Лига, а успеа да го ангажира и македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски.
Искусниот кошаркар играше долго време во Шпанија и во Франција, во екипи од Вторите лиги на двете копаркарски велесили, а сега одлучи да се врати и да го засили Пелистер.
Битолчани ангажираа уште двајца кошаркари што имаат настапи за македонската репрезентација, а се работи за Димитар Караџовски и за Љубомир Младеновски.
Пристигна и плејмејкерот Младеновиќ и Американецот Чиз, а во клубот останаа Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ, кои настапуваат за нашата репрезентација на претквалификацискиот турнир во Скопје што е во тек и се игра за учество во квалификациите за Мундијалот во 2023 година.