Традицијата покажува дека Борусија и Хетафе се фаворити против Баерн Минхен и Валенсија!

Шампионот Баерн Минхен ја има честа да го одигра првиот меч од новата сезона во Бундеслигата и тоа на гости во Менхенгладбах против Борусија. Ова е можеби и најтешкото гостување за Баерн во сезоната, посебно ако се споредат резултатите во последните седум години.

Од јули 2014 година до денеска, Борусија и Баерн имаат одиграно вкупно 18 средби во сите натпреварувања, а билансот е изненадувачки. Тимот од Менхенгладбах има 7 победи, Баерн се радувал шест пати, а пет дуели завршиле нерешено. Последниот меч го одиграа пред точно две недели. Во контролна средба, Борусија со 2:0 го победи Баерн на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Под водство на новиот тренер Јулијан Нагелсман, Баерн одигра четири контролни меча и нема ниедна победа. Освен поразот од Борусија, германскиот првак загуби и од Наполи (0:3) и Келн (2:3), а одигра нерешено 2:2 со Ајакс. Тоа му дава дополнителен притисок на Нагелсман кој вечерва ќе го има дебито во официјален меч на клупата на најтрофејниот германски клуб.

Во Шпанија, стартот на Примера е во Валенсија каде домаќинот го пречекува Хетафе. Тимот од предградието на Мадрид е вистински кошмар за некогашниот шпански првак. Во последниве седум години, овие два клуба имаат одиграно 15 меча, во кои Хетафе има шест победи, Валенсија се радувала само четири пати, а пет меча завршиле нерешено.

Ако се знае дека Хетафе нема пораз во последните девет меча во сите натпреварувања, гостите сигурно ќе сакаат да продолжат со позитивнито ритам. Одбраната е најсилното оружје на Хетафе, па на 15 од последните 19 дуели имаат одиграно со не повеќе од два гола.

 

- Оглас -

Најнови вести