Малото мадридско дерби без победник

Малото мадридско дерби меѓу Леганес и Хетафе заврши нерешено, 1:1, а како и секогаш на мечевите на локалните ривали од главниот град на Шпанија имаше многу возбудувања.

Хетафе поведе со голот на Кабрера во 39. минута и имаше предност до 64. минута, кога Ниом израмни на 1:1.

Леганес се обиде да притисне, но гостите одлично одиграа и не дозволија пораз. Во финишот на мечот Леганес остана со играч помалку по исклучувањето на Перез, но црвениот картон му беше доделен во последните моменти и немаше време за уште еден гол и евентуална победа на Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести