Хрватскиот шампион Динамо Загреб се соочува со политички проблем околу својот фудбалер Лирим Кастрати, кој не може да добие виза за гостувањето кај Шериф во Тираспол за првиот меч од плејофот во Лигата на шампионите.
Молдавија не го признава Косово како самостојна држава и поради тоа одбива да му одобри влез во земјата на крилото на косовската репрезентација. Таборот на Модрите веќе реагираше и побара помош од УЕФА, која строго забранува политичко вмешување во фудбалот и можно е да следува казна.
Како што стојат работите, Кастрати засега не е во план да биде меѓу играчите кои ќе конкурираат за настап во важниот натпревар на Динамо кој е закажан за 17 август во 19 часот.