Реал Мадрид следното лето ќе го направи тоа што сега му успеа на ПСЖ

Пол Погба донел одлука да не го продолжува договорот со Манчестер јунајтед, туку да чека следната сезона да му истече договорот и како слободен играч потоа да одбере каде ќе ја продолжи кариерата. Французинот веќе со години е на мета на Реал Мадрид, а според некои пишувања, Кралскиот клуб уште од сега се договорил со Мбапе за доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето.

Во 10-годишната кариера, Погба има играно само за Манчестер јуанјтед и Јувентус. Почна на „Олд Трафорд“ во 2011 година, а слдната година направи трансфер во Јувентус каде што остана четири сезони. Од 2016 година повторно е во Манчестер со договор кој му истекува во јуни 2022 година и нема намера да го продолжи, што значи дека Реал Мадрид ќе може да го доведе како слободен играч.

Слична е ситуацијата и со Килијан Мбапе во ПСЖ. Голгетерот има договор со Светците до јуни 2022 година, а потоа е слободен играч. Мбапе најави дека нема да ја продолжи соработката со ПСЖ и дека во следната сезона како слободен играч ќе си бара нов клуб, а тоа секако треба да биде Реал Мадрид.

Ако се остварат овие планови, Реал Мадрид следната година ќе го добие француското дуо Погба-Мбапе за безпари, а двајцата на пазарот се проценуваат дека заедно вредат околу 250 милиони евра.

Ваква тактика со доведување на играчи чии договори се истечени летово направи ПСЖ и успеа без да даде ниту едно евро на „Паркот на принцовите“ да ги донесе Лионел Меси, Серхио Рамос, Џиџи Донарума и Џорџино Вајналдум.

 

- Оглас -

Најнови вести