Дербито на руската Суперлига помеѓу Локомотив Москва и Зенит, се случи една смешна ситуација, во која во главна улога беше најдобриот руски судија Сергеј Карасев. Арбитарот кој делеше правда и на ЕВРО 2020, а пред неколку дена го судеше и европскиот Суперкуп помеѓу Челзи и Вилјареал, беше „фаулиран“ откако се најде во сендвич помеѓу двајца фудбалери.
Карасев мина без повреда, а после ова, тој досуди по еден пенал за двата тима.
Погледнете како изгледаше необичната случка:
Be careful at your workplace! pic.twitter.com/FziynEjgAL
— Russian Premier Liga (@premierliga_en) August 15, 2021