Џошуа е мајстор за голови на дебитантските настапи

Џошуа Сарџент имаше двојно деби за паметење со голови во првиот настап за репрезентацијата на САД, а вчеравечер и за Вердер Бремен со што е првиот играч од 1990 година што успеал да приреди таков подвиг.

Тинејџерот од Мисури има само 18 години, а блескаше на дебито за селекцијата на САД против Перу и постигна гол за националниот тим, а истото го стори и во дресот на Вердер, вчера против Фортуна.

Џошуа влезе во игра во 76. минута за тимот од Бремен и во првиот допир со топката ја смести во мрежата на Ренсинг во 78. минута, со што ја потврди победата на домаќинот од 3:1.

Сарџент има 18 години и е првиот фудбалер по 1990 година што дебитирал со голови и за националниот тим и за својот клуб.

- Оглас -

Најнови вести