Учество во групна фаза во Лига на шампиони или во Лига на Европа, не е сеедно

Пред хрватскиот првак Динамо Загреб, за кого играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, се минимум 180 минути играње против молдавски Шериф Тираспол за влез во групната фаза од Лигата на шампионите. Модрите ќе имаат големи мотиви, а ако не успеат, за утеха ќе влезат во групната фаза од Лигата на Европа, и тоа како носители, во првиот шешир при ждрепката.

Никој во Динамо не размислиува на ЛЕ, туку само на елитата и ЛШ.

Разликата во приходите во двете најсилни клупски натпреварувања во Европа е голема. Самиот пласман во групите во ЛШ носи фиксна заработка за клубот од 15,64 милиони евра, додека за учество во ЛЕ се добиваат само 3,63 милиони.

Тука не се сметаат бонусите кои ги доделува УЕФА според рејтингот на клубот и земјата од којашто доаѓа (Динамо Загреб со влез во ЛШ ќе заработи вкупно 22,5 милиони дури и ако не освои ниту еден бод во групата, а во ЛЕ нешто над 6 милиони), и разликата е повеќе од очигледна и во секој случај, Лигата на шампионите е многу попривлечно натпреварување кон кое се стремат сите елитни клубови.

- Оглас -

Најнови вести