Јувентус не го дава Кулушевски, одбил трампа со Барселона

Барселона летово се обидела да го ангажира шведското крило Дејан Кулушевски од Јувентус, но Старата дама не се согласила да го продаде фудбалерот кој го купи лани од Аталанта. Каталонците на Јуве не му нуделе пари, туку размена, со која од Барселона во Торино би се преселило француското крило Усман Дембеле.

Барса скапо го плати Дембеле кога го купи од Борусија Дортмунд, а договорот му е до 2022 година. Барса сака да се ослободи од талентираниот, но и скап и често повреден Дембеле, но Јувентус веднаш ја одбил понудата за трампа со Кулушевски.

Во минатата сезона, Дембеле на 44 меча имаше 11 гола и 5 асистенции, додека Кулушевски во својата прва сезона како член на италијанскиот гигант имаше по седум гола и асистенции на 47 средби. Според „Трансфермаркт“, Дембеле е проценет на 50, а Кулушевски на 40 милиони евра. Сепак, во Јуве не беа расположени да го земат Французинот кој често се повредува, а и сега уште се рехабилитира.

- Оглас -

Најнови вести