Претседателот Стево Пендаровски денеска во својот кабинет го прими олимпиецот Дејан Георгиевски, кој на Летните олимписките игри во Токио освои сребрен медал во теквондо и притоа шефот на државата му честиташе на Дејан и побара од него еднаш да му покаже како изгледа удар со нога во глава.
Претседателот изрази надеж дека ова е само почеток на големите успеси како на Дејан Георгиевски, така и на теквондото во нашата земја и даде уверување дека македонските спортисти секогаш ќе ја имаат неговата поддршка.
Вака изгледаше „спарингувањето“ на претседателот со теквондистот:
https://twitter.com/i/status/1428004444684312581