Одбојкарите против Црна Гора на стартот од 45-тото издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра денеска во Скопје против Црна Гора од 20 часот во салата „Борис Трајковски“ на почетокот на 45-тото издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Претходно во премиерата на турнирот од 17 часот меѓу себе ќе играат останатите двајца учесници, Словачка против Израел.

Против Израел ќе играме утре од 20 часот, а во сабота ривал ќе ни биде Словачка во последниот натпревар на турнирот.

Македонија се подготвува за настап на Европското првенство што ќе се игра од 1 до 19 септември во четири земји домаќини, Полска, Чешка, Естонија и Финска кои се коорганизатори на ЕП.

Нашата репрезентација е во Ц групата со Финска, Холандија, Русија, Турција и Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести