Златан: Меси е десетпати поголем од ПСЖ, а трипати подобар од Нејмар

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој во минатото има играно и за Пари Сен Жермен, во стил го искоментира трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ. Дресот со бројот 10 останува кај Нејмар, Меси за Светците ќе игра со 30-ка на грбот.

„Мислам дека Меси направи правилен избор со изборот на број на дрес. Покажа дека трипати е подобар од Нејмар. ПСЖ не го потпиша Меси, туку обратно, Лео потпиша за клубот. Погледнете што има постигнато Меси во кариерата. Може ли да се направи споредба со ПСЖ? Тој е десетпати поголем од ПСЖ“, порача вториот стрелец во историјата на париските Светци.

Ибра го носеше дресот на ПСЖ од 2012 до 2016 година и даде 156 гола на 180 меча, притоа освојувајќи три шампионски титули во француското првенство.

- Оглас -

Најнови вести