Меси и Нејмар дефинитивно не играат вечерва против Брест

Пари Сен Жермен ја објави листата на фудбалери кои се во комбинација за настап на вечерашниот натпревар против Брест, а на списокот ги нема суперѕвездите Лионел Меси и Нејмар.

Аргентинецот и Бразилецот не се во идеална физичка форма, па тренерот Маурисио Покетино не сака да ризикува со нив. Дебито на Меси се очекува следниот викенд, на 29 август, кога ПСЖ ќе игра со Ремс.

Деби во дресот на ПСЖ може да има голманот Џиџи Донарума, а во составот се враќаат Ди Марија, Верати и Маркињос.

- Оглас -

Најнови вести