Поранешниот македонски репрезентативен центар, Предраг Самарџиски, во претстојната сезона ќе игра за кавадаречкиот Еуроникел. Популарниот Пеѓа во последните сезони најчесто настапуваше во турската прва и втора лига, а на домашна сцена ги бранеше боите на МЗТ Скопје, со кој освои титули во 2015 и 2019 година.
Кавадарчани кои се вицешампиони на Македонија, летово донесоа дури осуммина нови кошаркари (тројца странци) и заедно со некои од староседелците ќе имаат тим кој ќе биде кандидат за трофеите во домашните натпреварувања.