Во Дебар го чекаат Вардар на историски меч – Кораби против најтрофејниот клуб за старт на Втората лига Запад

Кораби од Дебар ќе му биде домаќин на Вардар на стартот од новата сезона во Втората лига Запад, а дербито на првото коло ќе се игра на 25. август.

За Вардар ова е прв меч како второлигаш во првенствата на самостојна Македонија. Лани најтрофејниот наш клуб испадна од Првата лига и ќе се обиде експресно да се врати назад.

Со нив и Силекс, кој беше освојувач на пехарот во националниот куп ќе игра во истата конкуренција, а кратовци ќе му бидат гости на Кадино во првото коло.

Тетекс ќе му биде домаќин на тимот на Велешта, Гостивар ќе игра со Воска, а Охрид ја пречекува Беса.

Во Втората лига Исток Детонит ќе и биде домаќин на Беласица во премиерното коло, Осогово ја чека Саса Каменица, Слога Виница ќе игра со Братство, Победа против Кит Го и Локомотива му е домаќин на Кожув.

 

- Оглас -

Најнови вести