Домаќинот Магдебург е победник на ракометниот турнир „Хумел куп“, откако во финалето го надигра македонскиот првак Вардар 1961 со 31-20. По првото полувреме, семафорот покажуваше 12-11, но во вторите 30 минути, Црвено-црните одиграа значително послабо, и беа разбиени со двоцифрена разлика.
Третото место на турнирот го освои Горење кој со 33-30 го порази Холстебро во дуелот за трета позиција.