Неверојатна драма со среќен крај за Удиензе во дуелот против Јувентус (2:2), во првото коло од Серија А. Јувентус започна фуриозно и со голот на Пауло Дибала поведе со 1:0, а во 23 минута Квадрадо зголеми на 2:0. Се чинеше дека Јувентус лесно ќе стигне до трите бода и тоа со Кристијано Роналдо како резерва.
Сепак, на стартот од вториот дел Удинезе со голот на Переира од пенал намали на 1:2, по фаулот на голманот на гостите Војчех Шчесни. Полскиот репрезентативен чувар е трагичарот за Јувентус, затоа што тој згреши и во 83 минута кога Удинезе постигна погодок за 2:2. Делафеу го искористи подарокот на Шчесни.
Роналдо во игра влезе во 60 минута, а Португалецот за малку ќе беше херој на Јувентус. Во 94 минута, Роналдо со глава погоди за 3:2, но по сигнализација од ВАР собата, утврдено е дека Кристијано бил во офсајд со рамото и на крајот резултатот остана 2:2.