Академија Пандев со 2:1 ја победи Ренова во последниот меч од четвртото коло во Прва македонска лига. Со овие три бода, струмичани се искачија на лидерската позиција на табелата. Академија Пандев има 10 бода, пред Струга со 8, а Ренова остана на седум бодови.
Јусуфи прв погоди во 24-тата минута за предност на Ренова од 1:0 на полувремето. На стартот од вториот дел домаќините заиграа многу подобро и тоа резултираше со два погодоци. Најпрво Стојчевски израмни на 1:1 во 49-тата минута, а Велиновски пет минути подоцна погоди за целосен пресврт.
Во продолжение на мечот, Ренова се обидуваше да израмни, но не успеа и на крајот трите бода останаа за струмичани.
Попладнево се одиграа и останатите пет меча во Прва лига, а резултатите може да ги погледнете ТУКА.