Челзи го доби градското дерби против Арсенал победувајќи со 2:0 на гости. Рис Џејмс му асистираше на првиот погодок на Ромелу Лукаку, а подоцна и самиот Џејмс погоди за 2:0 и сигурна победа.
При постигнувањето на вториот погодок, Џејмс трча да се радува, и тоа точно пред навивачите на Арсенал. Еден од лутите фанови на домаќините фрли пластично шише со вода, кое, за среќа, не го погоди Џејмс. Славењето на гостите продолжи, а фрленото шише го зеде стоперот на Челзи, Антонио Рудигер, и го фрли покрај аут-линијата.
Овој инцидент на попладневното дерби во Англија потсети на тоа што неколку часа подоцна се случи во француското првенство на дуелот Ница – Олимпик Марсеј. Домашните навивачи со пластично шише со вода го погодија Димитриј Паје, кој потоа се налути, го зеде шишето и го фрли кон навивачите.
èè