Министерот за здравство сака театар на трибините, навивачите му порачаа: Подобро е да молчиш (Видео)

Министерот за здравство на Холандија, Хуго де Јонге, бара публиката на фудбалските стадиони да биде дисциплинирана и да ги почитува протоколите за ковид-19, а навивачите со песна му порачаа дека е подобро да молчи.

Де Јонге, кој е вицепремиер на Холандија, но и министер за здравство и спорт, не е задоволен од однесувањето на навивачите, па најави заострување на мерките.

„Мора да се почитуваат мерките и да има социјална дистанца на трибините. Видовме сосема спротивно однесување на навивачите, гушкање на трибините, блиски контакти, што е недозволено. Ако не престане таквиот начин на бодрење на екипите, ќе воведеме нови мерки“, изјави Де Јонге.

Веднаш му одговорија навивачите на повеќе холандски клубови, а симпатизерите на Феенорд и на Го Ахед Иглс заедно му пееја вчера на „Де Кајп“ во Ротердам.

„Ако немаш нешто паметно да кажеш, подобро молчи“, ечеше од трибините на легендарниот стадион во Ротердам.

Интересно е што Хуго де Јонг е голем навивач на Феенорд и беше присутен на трибините на „Де Којп“ на вчерашниот меч против Го Ахед Иглс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести