Легендарните македонски фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдовски, како и сите навивачи на Црвена Ѕвезда, засекогаш ќе го памтат 8 декември. Тоа е датумот кога „црвено-белите“ се искачија на светскиот клупски трон. На овој ден, пред точно 27 години, Црвена Ѕвезда го победи Коло Коло со 3:0 во финалето на Интерконтиненталниот куп и стана светски владетел.
Во тимот на Ѕвезда не само што играат Панчев и Најдовски, туку тие и ги кренаа трофеите по завршување на мечот во Токио, кој заврши со победа од 3:0 на тогашниот европски првак. Најдовски беше капитен на Ѕвезда, а Панчев постигна еден од трите погодоци. Два гола на тој меч даде Владимир Југовиќ.